Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ).
На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2026 година (петок) со вообичаено работно време.
И за време на божиќните празници на 06.01. (вторник), 07.01. (среда), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2026 година (четврток) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим, се вели во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
