Фудбал
3. October 2026 - 13:53

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери

Македонската репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе ги одмери силите со Шкотска, а на трибините ќе има посебна поддршка од најмладите фудбалери.

ФФМ овозможи бесплатен влез за младите фудбалери од Детската лига, фудбалските школи, како и за пионерите, помладите пионери, кадетите и младинците од системот на федерацијата. Тие натпреварите ќе можат да ги следат од западната трибина, во придружба на своите тренери.

Бесплатниот влез ќе важи и за следните натпревари на Македонија во актуелниот циклус од Лигата на нации, а не само за вечерашниот дуел со Шкотска.

Дополнителна поддршка од трибините ќе има и од навивачките групи, кои побарале организирано присуство на натпреварот.

На овој начин, ФФМ сака најмладите фудбалери да бидат дел од атмосферата околу националниот тим и од трибините да им дадат поддршка на македонските репрезентативци.