Македонија
4. September 2025 - 8:47

Без струја Бањани и дел од Кисела Вода, а без вода потегот од Влада до Градски стадион

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денеска од 09:00 до 15:00 часот ќе сотанат корисниците од дел од с. Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија во Општина Чучер Сандево, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 10:00 до 11:30 часот, електрична енергија ќе немаат и корисниците од дел од ул. Студеничанска, а од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Малешевска во Општина Кисела Вода.

Вода, пак, од 09:00 часот до завршување со работните активности, ќе немаат корисниците од улиците на потегот од Влада до Градскиот стадион во Општина Центар.

 

МИА