Без струја и вода делови од Скопје

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе останат дел од улиците Тиквешка, Нов Живот, „Индира Гранди“, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Злетовска, Слан Дол, „Хаџи Јован Шишков“ во Општина Шуто Оризари. Без вода пак од 9 часот ќе бидат дел од корисниците на булеварот „Илинден“ од крстоницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булеварот 8ми-Септември.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб, во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило-Скопје и ќе трае се до завршување на работните активности.
Прекинот пак на електрична енегија во дел од Шуто Оризари е поради зафати во електродистрибутивната мрежа.
МИА
Ново на Сител
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
