Без вода делови од Центар и Чаир

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир.
Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Адам Мицкиевиќ“, вклучително и ОУ „Киро Глигоров“, дел од улица „Козара“ и дел од улица „Васил Ѓорѓов“.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради уличен дефект ф-225м на улица „Отокар Кершовани“ бб, во Општина Чаир, прекинато водоснабдување од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот ќе бидат корисниците од улиците „Отокар Кершовани“,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, „Петре Георгиев“ и „Чаирска“.
МИА
Ново на Сител
-

Министерство за одбрана во војна со сопствениот кадар – Ревизија откри големи пропусти
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
