„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење

Преку системот „Безбеден град“ за една недела бил регистриран 4 991 сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Во периодот од 2 до 8 февруари, од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4 991 прекршок. Од тој број, 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената, 4 674, потоа за минување на затворен сигнал - црвено светло - 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци, информираа од МВР.
Оттаму додадоа дека изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 за „минување на црвено светло“, а 125 за „брзо возење“.
- Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење, толерирани се 22 434 возила, појаснија од МВР.
Уште еднаш се апелираше да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заедно да се придонесе за посигурни и побезбедни патишта.
МИА
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
