Македонија
14. April 2026 - 9:48

Безбедна за пиење водата во Скопје

Безбедна за пиење е водата на скопската територија, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 11 април зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираа од јавното градско претпријатие.

 

МИА