Безживотно тело на маж со траги на насилство пронајдено во Струмица
Безживотно машко тело пронајдено во близина на струмичкото село Ново Село. Телото е пронајдено синоќа на местото викано Ореш од страна на жители од селото кои веднаш ги известиле надлежните органи. Според првичните сознанија на истрагата, смртта кај лицето настанала по насилен пат. Случајот го потврдија од СВР Струмица од каде што информираа дека се преземаат мерки за негово расчистување.
„На 07.06.2022 во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“ атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Лекар констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди. Увид на местото извршиле увидна екипа и Јавен обвинител“, вели Александра Трајанова-портпарол на СВР Струмица.
И од обвинителството информираа дека работат на расветлување на случајот. По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место веќе биле прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземале и други дејствија за откривање на сторители.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар