Македонија
6. October 2026 - 16:30

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми

Пет дена оледување од матичен само врз основа на медицинска проценка. По овој период, доколку има потреба од дополнително седење дома избраниот лекар може да го продолжи привременото отсуство од работа ди 15 дена со потребна дијагностика или соодветен извештај од специјалист.

Новиот правилник за боледување беше усвоен денеска на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување од каде велат дека не се крати ниту еден ден туку се менуваат медицинските критериуми. За да биде објавен во Службен весник и да стапи на сила треба да добие согласност и од министерот за здравство кој за Сител изјави дека ќе го потпише штом го добие документот.

-за дел од дијагнозите нема да биде потребно пациентот да се упатува на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар;

-по 15-тиот ден, предлогот за привремена спреченост за работа – ПСР, матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо преку досегашната рачна постапка;

-се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи;

-кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди, доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања;

-се прецизираат условите за ретроактивно утврдување на боледувањето во оправдани случаи, меѓу кои по завршено болничко лекување;

-за бремени жени и доилки се предвидува олеснување во однос на радиодијагностичките испитувања со јонизирачко зрачење, кога здравствената состојба е соодветно потврдена со специјалистички извештај;

Кога овој правилник ќе стапи на сила, Фондот ќе прави измени и во делот на контролите со кој планираат контролори да одат во домашни услови кај лица кои се на боледување. Појаснуваат дека нема да тропаат на врата кај сите кои се привремено спречени да одат на работа и нема да го сметаат како неправилност ако пациентот не го најдат дома. Тој преку постапка ќе може да објасни каде бил.