Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
На вчерашна снимка се гледаат багер и кран на врвот од новиот пристапен пат во близина на местото погодено од таканаречените бункер бомби.
Исто така, наведува Би-Би-Си, забележани се и булдожер и камион, додека дополнителни машини се распоредени на влезот во комплексот и на објекти погодени од израелските напади еден ден по американските бомбардирања.
Според експертот за нуклеарно оружје Дејвид Олбрајт, снимката укажува на можни работи за санација на кратерите, проценка на инженерските штети и земање примероци за радиолошка анализа.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, по нападот изјави дека „клучните ирански постројки за збогатување ураниум се уништени“.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, претходно изјави дека Иран би можел да ги продолжи активностите за збогатување ураниум во рок од неколку месеци.
Ново на Сител
-
Данска од утре претседава со ЕУ - што може да очекува Македонија?
-
ДУИ ќе бара кривични за пописот - ВРЕДИ обвинува за предавство
-
Конечно пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново во должина 10.2 км, инвестиција од 45 милиони евра
-
Силен раст на индустриското производство во мај
-
„Конти Хидропласт“ донира 100.000 евра за реконструкција на интерното одделение во Гевгелија
-
Почна вториот уписен рок, во некои гимназии можно е повторно приемно тестирање
-
Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото