Бислимоски: Инвестирањето во енергетски капацитети ја зголемува енергетската независност на државата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во осум месеци има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, стопанството за нешто повеќе од една година ќе успее да изгради централи со инсталирана моќност како ХЕЦ Козјак, истакна претседател на Комисијата, Марко Бислимоски на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум.
Според него, како што соопшти РКЕ, соочени со високи цени на берзите, компаниите станале проактивни и започнале да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаични електроцентрали.
– Само за период од осум месеци РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање ќе имаме 80 до 90 MW до крајот на годинава, истакнал Бислимоски.
Со инвестирањето во енергетски капацитети, додаде, се зголемува енергетската независност на секоја држава.
– Енергетската криза им покажа на сите земји дека мора да се забрзаат инвестициите во енергетскиот сектор посебно во обновливите извори. Паралелно неопходно е да се реализираат и инвестиции кои ќе обезбедат базна енергија. Станува збор за инвестиции во когенеративни постројки. Поради зголемениот интерес, но и можностите кои се нудат, сигурен сум дека во нашиот регион ќе имаме удвојување на вкупниот инсталиран капацитет од овој што е сега и тоа ќе биде исклучиво во обновливи извори на енергија. Оваа криза ќе ни биде поука дека само инвестициите се решение за надминување на енергетската несигурност, изјавил Бислимовски.
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
