Македонија
23. November 2026 - 14:16

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува

42-годишен маж од Битола бил лишен од слобода откако ѝ упатувал закани по живот на својата 25-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка.

Настанот бил пријавен на 22 ноември во 21:15 часот во СВР Битола, по што полициски службеници го привеле мажот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.