Битолчанец загина во сообраќајка на патот од Охрид кон Свети Наум – 5 лица тешко повредени
Трагедија на патот Охрид – Св. Наум.Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 27 годишен битолчанец а пет лица се потешко повредени . До незгодата , која се случила ноќеска во 1:40 часот, дошло при судир на три возила – ситроен Ц3 со битолски таблички, голф со охридски и фолксваген пасат со прилепски регистарски таблички. Со цитроенот управувал битолчанец, кој со тешки телесни повреди бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде им подлегнал на повредите .
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот да внимаваат при управувањето со патничките возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи .
Извршениот увид од страна на полицијата ,јавен обвинител и вештак ќе ги утврди причините и околностите што довеле до несреќата.
Инаку на подрачјето на Охрид во текот на јуни и јули ова година случени се 66 сообраќајни несреќи од кои 15 со тешки телесни повреди.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
