-->
-->
Битолчанка пронајдена мртва во сместувачки капацитет, телото предадено на обдукција
-->

41-годишна битолчанка пронајдена почината во сместувачки капацитет на улицата „Македонска фаланга“ во градот, информираат од МВР.
Случајот бил пријавен вчера во СВР Битола.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а на местото бил извршен увид.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на Судска медицина за обдукција.
-->
-->
-->
