Бизарна смрт: Момчето ја бакнало за добра ноќ, а по неколку минути починала

Миријам Лемеј, се вљубила неколку дена пред да умре. Всушност бакнежот на нејзиниот нов избраник ја чинел живот, иако тој немал никаква намера да ја повреди.
Миријам од Монтреал која имала 21 година, поради агресивна алергија на кикирики, починала. Нејзиното момче, во чиј стан таа ја поминала ноќта, јадел сендвич со путер од кикирики, па се вратил во кревет и ја бакнал Миријам. Момчето не и кажало на Миријам што јадело, а не ни бил свесен дека таа е алергична на кикирики.
Миријам немала време да му каже на што била алергична, па така за неколку минути таа добила агресивна алергија. Момчето повикало Брза помош, но за жал кога пристигнале таа веќе била мртва.
Мајка на Миријам, ја објавила смрта на својата ќерка и ја споделува незината животна сторија со цел да ја подигне свеста на сите оние кои имаат алергии, секогаш со себе да носат лекови кои им се потребни.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
