Бизнисмените контра пазарната инспекција: Не сме убијци за казни од илјадници евра
Две години се бориме да преживееме, а на сето тоа добиваме и казни реагираат дел од угостителите од Гевгелија. Еден од нив организираше собир пред неговиот објект и се пожали на казната од 7000 евра која му била изречена бидејќи инспекцијата во објектот затекнала неколку гости без сертификат. Низ плач тој ја објасни тешката финансиска ситуација во која се наоѓа неговиот бизнис и побара поддршка од колегите и сограѓаните.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека Гевгелиските угостителите не се единствените кои се предмет на инспекциски надзор. Контроли биле правени на територијата на цела држава и секаде каде што се констатирани прекршувања на законот имало соодветни санкции. Во изминатите два викенди само по однос на законот за заштита на населението од заразни болести биле затворени 15 објекти во повеќе градови.
Полицијата и инспекторат заедно со УЈП контроли правеле и во текот на овој викенд. Синоќа предмет на надзор биле угостителски објекти во Кавадарци и Кочани. Во двата града биле затекнати 67 лица без ковид сертификати, додека кај двајца од гостите се утврдило дека сертификатот што го поседуваат е лажен. Поради непочитување на законските обврски еден од контролираните објекти во Кавадарци е запечатен.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
