Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето
– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика меѓународната заедница да го принуди рускиот претседател Владимир Путин „да ја плати сметката поради инвазијата на Украина“.
„Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето“, рече шефот на американската дипломатија на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина.
„Меѓународниот поредок кој нè собра денеска овде и кој се обидуваме да го зачуваме се распаѓа пред наши очи“, предупреди тој во друштво на неговите колеги во Советот, осудувајќи ја неодамнешната ескалација, особено референдумот за спојување територии под руска контрола.
„Тоа што претседателот Путин одлучи дека токму оваа недела, додека повеќето од светските лидери се собраа во ОН, да стави масло на огнот што самиот го запали, го покажува неговиот целосен презир кон Повелбата на Обединетите нации“, рече Блинкен.
Седницата се одржува во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но тој не седна на масата на Советот за време на говорот на министерот, туку беше претставен од неговиот заменик.
Ново на Сител
-
Објавена снимка од давењето на момчето на својата ергенска во Лефкада | ВИДЕО
-
Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело
-
Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на ДЗС
-
Приведен 47-годишник, управувал со возило под дејство на алкохол
-
Сообраќајна несреќа во Велес, воз удрил во автомобил, нема повредени
-
Приведен 56-годишен скопјанец, возел со 101 километри на час на место каде е дозволено 40
-
БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј
-
Роналдо навести заминување од Ал Наср: Ова поглавје е завршено