Loading Video...
Свет
24. December 2025 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Али Ахмед Ал-Хадад, загина во авионска несреќа во вторник откако ја напушти турската престолнина Анкара, изјави премиерот на Либија, додавајќи дека во авионот имало и уште четворица патници како и три членови ан екипажот – сите ги загубија животите. Авионот како полета кон Триполи. Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека властите ги пронашле остатоците од авионот во близина на селото Кешикавак во близина на Анкара. Радио-контактот со авионот бил изгубен кратко по полетувањето, а било побарано итно слетување но дека потоа не е воспоставен никаков контакт. Причината за несреќата не е јасна.

Инаку, Ал-Хадад се сретнал со својот турски колега, Селџук Бајрактароглу, претходно во вторник.

Украина и САД подготвија неколку нацрт-документи за завршување на војната, потврди претседателот Володимир Зеленски. Но, официјални лица од двете страни признаваат дека неколку одредби остануваат контроверзни и дека трајното примирје е сè уште далеку. Зад сцената, украинските власти предупредуваат дека без применливи, секој договор ризикува брз колапс - особено додека Русија ги продолжува своите напади и ги отфрла предлозите за прекин на огнот за време на празниците. 

Украинските сили се повлекоа од загрозениот источен град Северск, соопшти војската на Киев во вторник, додека руските трупи ја засилуваат офанзивата на бојното поле по должината на широката линија на фронтот. Генералштабот на Украина соопшти дека ги повлекол своите војници за да им ги зачува животите, додавајќи дека тие му нанеле големи загуби на непријателот. Тие соопштија дека повторно освоиле делови од североисточниот град Купјанск и дека ги опколиле руските трупи.

Северск се наоѓа југозападно од шумскиот појас Серебрјанск, каде што се водат интензивни борби од 2022 година. Градот беше клучен за украинските вооружени сили, бидејќи неговото ослободување им овозможи на руските трупи да напредуваат од североисток кон агломерацијата Славјанск-Краматорск. Овој воен успех го олеснува рускиот пробив и ја формира најважната линија на одбрана за украинските сили во регионот Донецк.

Дедо Мраз го започна своето долго патување за да им достави божиќни и новогодишни подароци на децата од светот од неговиот роден град во Рованиеми во Арктичкиот круг. Дедо Мраз тргна од Лапонија на своите санки на своето долго патување. Местото на Дедо Мраз беше преполно со активности, а илјадници луѓе се упатија кон северна Финска за посебен божиќен празник.