Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
Москва разгледува неколку опции во врска со обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната меѓу Русија и Украина, вклучително и можноста за воздушен прекин на огнот, објави Блумберг, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.
Според изворите, пауза во воздушните напади, вклучувајќи дронови и ракети, може да се понуди како гест на деескалација, под услов Украина да се согласи на таков план.
Посетата на американскиот специјален претставник Стив Виткоф ѝ нуди на Русија можност да постигне договор со администрацијата на Трамп, иако шансите за успех се минимални, велат изворите.
Сепак, руските претставници нагласуваат дека Русија нема да се согласи на општ прекин на огнот додека нејзините трупи продолжуваат да напредуваат на бојното поле и целите на војната остануваат непроменети.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека состаноците за евентуален договор „ќе се одржат“, но не сакаше однапред да ги коментира.
Трамп неодамна објави дека може да воведе високи тарифи за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина и Индија, во обид да го зголеми притисокот врз Путин да ја заврши војната.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во петокот предложи „воздушен прекин на огнот“, иако рускиот лидер не даде коментар.
Во март, Украина и Русија изјавија дека ќе го почитуваат 30-дневниот мораториум за напади врз енергетската инфраструктура по разговорите со Трамп, иако секоја страна ја обвини другата за кршење на договорот.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури