Бобан Илиоски ќе се бори за златниот медал на Европското кик бокс првенство
Бобан Илиоски е во големото финале на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција, откако го совлада Хрватот Борна Манојловиќ со 3-0 во полуфиналето на категоријата до 86 килограми.

Илиоски во финалето ќе ссе бори Бугаринот Христо Калајџиев.

„Боби се бореше паметно, не опуштајки се во авантури во размената на удари со противникот, најмногу поради тоа да не се здобие со некоја повреда. Поентираше дозволуајѓи му на противникот и тој да изработи, за полесно да му зема поени. Боби во сите три рунди цело време водеше 3-0, како и што го заврши мечот“, изјави слекеторот Дејан Митровски – Урко.

Од друга страна, Илиоски имаше голем број на навивачи на трабините и нивната поддршка го храбреше уште повеќе да се пласира во финалето и да се бори за златниот медал.
Резултати Европско првенство:
Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија)
Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) 2-1
Викторија Варадинова – Николет Мезеи (Унгарија) ½ полуфинале
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
