Бобан Илиоски најдобар спортист на Град Скопје за 2023-та

Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, традиционално ги додели годишните награди за најдобри спортисти.
Градоначалничката Данела Арсовска признанието за најдобар спортист на град Скопје за 2023 година му го врачи на Бобан Илиоски од Кик Бокс клубот „Шампион“. Илиевски е светски првак во Кик-бокс, во дисциплината лоу кик, во категоријата до 86 килограми.
На денешната манифестација беа прогласени најуспешните 10 спортист(к)и во сениорска категорија, најуспешните 10 во младинска категорија, најуспешниот тренер, најуспешната спортска екипа и најуспешните во категоријата на лица со инвалидитет.

Најуспешни во сениорска категорија (мажи и жени):
Бобан Илиоски, Кик бокс, клуб Шампион; Мери Акиевска, Фитнес и аеробик клуб Магнус, Игор Стефановски-Иџе, автомобилизам, АКК Стефановски, Дејан Георгиевски, Таеквондо клуб Бутел, Ахмад Магомедов, Боречки клуб Студеничани, Дарио Ивановски, атлетика, клуб Корранерс, Лина Ѓорчевска, Тениски клуб Југ; Андреас Трајковски, Атлетски клуб Работнички; Петар Заборски, Карате клуб Макпетрол и Петар Спасеновски, Карате клуб Макпетрол

Најуспешни во младинска категорија
Силвио Мировски, Кик бокс клуб Гладијатор; Витомир Трајковски, Карате клуб Макпетрол; Калин Ивановски, Тениски клуб Југ; Стефан Стојановиќ, Карате клуб Макпетрол; Бесир Алили, Боречки клуб Лирија; Ива Богдановска, Џудо клуб Миоки; Георгина Блажеска, Џудо клуб Миоки, Јована Мицовска, Карате клуб Макпетрол; Иван Галевски, Ракометен клуб Алкалоид; Никола Ѓуретановиќ, Пливачки клуб Вардар 2018
За најуспешна спортска екипа е прогласена „Специјална Олимпијада“, за најуспешен тренер Дејан Митровски од Кик бокс клуб Шампион и Фитнес и аеробик клуб Магнус, а за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност Андреј Стојановски.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
