Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски имаше фантастично деби во престижната светска кикбокс организација „Глори“, откако со технички нокаут во првата рунда го совлада Мароканецот Ајмане Латифи на настанот „Глори 110“, одржан во Антверпен, Белгија.
Илиоски настапи во средна категорија и приреди вистинска сензација против фаворизираниот Латифи, кој во борбата влезе со професионален биланс од 21 победа и четири порази.
Македонскиот борец уште од самиот почеток наметна силно темпо и со серија прецизни удари трипати го испрати противникот на подот. По третиот нокдаун, судијата ја прекина борбата, а Илиоски беше прогласен за победник со технички нокаут по само една минута и девет секунди од првата рунда.
Со оваа импресивна победа, Илиоски остави силен впечаток на своето деби во една од најпрестижните светски кикбокс организации и најави дека Македонија има борец кој може да се натпреварува со најдобрите на меѓународната сцена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
