Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази

Обвинителката Адела Бојчевиќ денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина, поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази. Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека очекува обвинението да биде прифатено во целост.
Во изјава за медиумите, Бојчевиќ рече дека признанието на вина, согласно Законот за кривична постапка, треба да биде доброволно, јасно и без присила.
- Денешното признание на вина од страна на обвинетиот воопшто не е признание, бидејќи, согласно Законот за кривична постапка, во оваа постапка се знае како се дава такво признание. Треба да биде доброволно, јасно и без присила од никого. Поради тие причини, судијата не го зема предвид целосното признание, ниту го ценеше, и затоа продолживме со изведување докази - рече Бојчевиќ.
Додаде дека предметот го води од почетокот, од увидот на лице место и дека обвинението се темели на, како што рече, обемен доказен материјал.
- Јас овој предмет, овој настан и оваа голема трагедија ги водам од почеток, од моментот на увидот. Бев на лице место и за многу краток период, собравме навистина многу голем доказен материјал, врз основа на кој се базира обвинението за сите три кривични дела што му се ставаат на товар на обвинетиот - додаде обвинителката.
Нагласи дека го почитува начелото на презумпција на невиност и дека товарот на докажување е на обвинителството, при што посочи дека во постапката ќе бидат изведени голем број докази. Во однос на наводите изнесени во судница за Мартин Саздов, таа изјави дека и тој е предложен како сведок и дека ќе биде повикан.
- Во однос на Мартин Саздов, и тој е предложен како сведок - појасни Бојчевиќ.
Во врска со денешната одбрана на обвинетиот, обвинителката изјави дека ја гледа како „чиста манипулација во насока да се избегне кривична одговорност“, но како што рече, остава доказите да зборуваат сами за себе.
Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека во други држави не е невообичаено сторители на континуирано семејно насилство да бидат гонети и осудени во случаи кога жртвите извршиле самоубиство, додавајќи дека очекува обвинението да биде прифатено во целост.
- Сакам да кажам дека во другите држави не е толку чудно жртви на континуирано семејно насилство, кои што се самоубиле, а сторителите, односно нивните интимни партнери или нивните сопрузи, да бидат гонети и осудени конкретно за овие кривични дела. Така што очекуваме во целост да биде прифатено обвинението оштетени, затоа што во поширока смисла во меѓународното право самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид - изјави адвокатката на оштетените Неда Чаловска.
Судскиот процес против Стојанче Јовановски се води за трагичниот настан од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана си го одзеде животот скокајќи од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.
МИА
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
