Болни деца ги полнат ординациите и болниците
Вирусите ги совладаа децата. Се празнат градинки и училници се полнат ординации и болници. Педијатрите не можат глава да кренат од пациенти и од 80 до 90 прегледи дневно има во амбулантата на др Митка Тренчева. Вели дека овој период е поразличен од останатите години кога имало гужви но и грип а сега сезонскиот вирус го нема. Според лекарите сега го плаќаме и данокот од ковид пандемијата кога носевме маски, живеевме изолирано и далеку од вирусните инфекции.
-Веќе сите се ослободени, нема маски, нема бариери децата одат во градинки и училишта па се изложуваа тна вируси како нови да се одамна незапознаени го активираат имуниот систем, како и да е имаме многу прегледи, вели д-р Митка Тренчева, педијатар.
Температура, кашлица и растечен нос се симптомите кај децата кои одат во ординациите на педијатрите. Кај бебињата контролите се почести а кај посерионите компликации се бара и второ мислење во болничка установа.
-И тие што почесто поминуваат со вируси се уште незаздравени има атак на нов вирус и личи како детето бескрајно да е болно. Но тоа е нов вирус или рецидивна форма и се зависи од возраста, имунитетот, патогеноста а тоа пак се заедно е овозможено од колективите, вели д-р Тренчева.
Освен во ординациите, полни се и болницата во Козле и детската клиника каде вирусите веќе предизвикале копмликации кои бараат хоспитализација.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
