Бизнис
23. January 2026 - 11:12

Борбата против сивата економија се интензивира, вели Димитриеска-Кочоска

 Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, потенцира министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа преку својот фејсбук-профил порачува дека воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем.

- Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите, а системот функционира транспарентно - наведува министерката

 

МИА