ДКСК разгледуваше претставки за училишта, судство и непријавена имотна состојба

На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доминираа претставки поврзани со работата на одредени училишта, постапките за назначување директори, како и случаи во кои лица од здравствени институции и еден амбасадор по престанокот на функцијата не доставиле изјави за нивната имотна состојба.
Како што беше посочено на седницата, по утврдување на прекршоците и изрекување на глоби, голем дел од засегнатите лица ги платиле казните, со што постапките биле запрени.
ДКСК ја разгледуваше и пријавата против претседател на Основен суд, која е поднесена од познат подносител, а во неа какошто рече Билјана Каракашова-Шулева, член на ДКСК, има наводи за нестручно и незаконито постапување, од страна на претседателот на судот при донесување на решение за издржување на казна затвор.
-Подносителот наведува дека претседателот на посочениот Основен суд го прекинал издржувањето на затворска казна, изречена со пресуда на Апелациониот суд, со што овозможил прекин на издржување на казна заради лекување. Меѓутоа не ги земал предвид сите факти и околности, односно дека на лицето за кое било донесено пресудата му се судело во отсуство поради бегство и на тој начин создал можност да лицето ја напушти државата и да го избегне издржувањето на казната, рече Каракашова-Шулева.
Имајќи предвид, како што посочи Каракашова-Шулева, дека во случајот се работи за решение донесно од претседател на Основен суд, како и тоа дека Судскиот совет има надлежност да постапува по претставки, поплаки од страна на граѓаните за работата на судиите, претседателите на судиите и судовите, предложи пријавата да биде доставена до ова тело.
-Предлагам да се достави пријавата до Судскиот совет со оглед на нивната надлежност пропишана во член 36 од Законот за Судскиот совет, а пријавата во однос на наше постапување да биде отфрлена, истакна Каракашова-Шулева.
Членовите на ДКСК ја запреа постапката за пријава за еден македонски Универзитет, кој се однесува за партиципации, школарани, бидејќи за овој предмет веќе постапува Основно јавно обвинителство.
Во однос на претставките за изведба на градежни работи и на кандидат за советник во време на изборниот процес за Локалните избори во 2025 се запираат, бидејќи во првиот случај не се утврдени прекршувања, а за вториот случај веќе постапува друга институција.
МИА
Ново на Сител
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
-

Стојаноска: Ахмети само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН, и да нема албанец претседател на Собрание
