Македонија
23. January 2026 - 14:14

Стојаноска: Ахмети само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН, и да нема албанец претседател на Собрание

Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада. Но, ние останавме истрајни во она што беше порака од народот - дека ДУИ мора да оди во опозиција. Друг пат, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини.

Прашањето е дали ваквите изјави служат за да се спречи ерозијата во сопственото членство и кај досегашните нивни поддржувачи?, напиша на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1258609262806878&id=100059734473815&mibextid=wwXIfr&rdid=taTWo8rSNBVka

МИА