Свет
11. September 2025 - 11:21

Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон убиството на Чарли Кирк го нарече „трагедија“ и „знак на очај и кукавичлук на оние кои не можеа да го победат во дебата.

– Убиството на Чарли Кирк е трагедија и знак за целосниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат со аргумент. Чарли Кирк беше убиен не поради тоа што застапуваше екстремистички ставови – затоа што не го правеше тоа. Тој беше убиен затоа што имаше храброст јавно да се залага за разумни мислења што ги имаат милиони и милиони обични луѓе и во САД и во Велика Британија. Светот доби нов маченик на слободата на говорот, напиша Џонсон.

Тој исто така изрази сочувство до семејството и најблиските на Кирк.  

 

МИА