Македонија
17. December 2021 - 16:47

Браун: Луѓето од Централна Европа не ја разбираат бугарската блокада за Македонија

Македонската законска легислатива во голема мера е усогласена со европската, а претстои и период на реформирање во областа на правосудството и владеењето на правото. Проблемот е што Закони постојат, но не се имплементираат или пак правдата е селективна, истакна денеска во Штип, официјалниот претставник во земјава на Фондацијата Конрад Аденаур, Даниел Браун.

-На ниво на Влада или на судско ниво, вие имате Закон, но понекогаш сите не се еднакви пред Законот. Верувам дека ова е нешто на кое треба да работите, бидејќи луѓето ќе им веруваат на институциите, само доколку веруваат дека законите важат подеднакво за сите, изјави Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија.

За блокада од страна на Бугарија за отпочнување на преговорите, Браун рече дека, на луѓето од централна Европа не им се јасни отворените историски прашања помеѓу земјите од регионот.

-Вистинскиот европски пристап е гледање кон иднината, а не кон минатото, бидејќи кога еднаш ќе влезете во Унијата, сите овие прашања ќе се решаваат внатре. Тоа не треба да биде оружје кое ќе се користи против мојот сосед, додаде Браун.

И без започнување на преговорите, македонските граѓани заслужуваат да живеат во подобро и по конкурентно општество, кое полесно ќе се адаптира на европските стандарди.

-Нам не ни е потребно да ги започнеме преговорите со цел да продолжиме со реформите од областа на борбата со коруспцијата, пефикасно и понепристрасно правосудство, заштита на човековите права и добро владеење, изјави Васко Наумов, Институт за општествени истражувања.

На правниот факултет при УГД се одржа дебата на тема Поглавје 23 и 24 од преговарачката рамка со Унијата, на која се дискутираше за процесот на хармонизација со европското законодавство, но и колку е фер третманот кој Македонија го добива од европското семејство.