Бразил во втор круг ќе избира претседател меѓу Болсонаро и Лула

Бразилскиот сенатор, Флавио Болсонаро, ќе се соочи со актуелниот претседател, Луиз Инасио Лула да Силва, во вториот круг од претседателските избори, откако во вчера одржаниот прв круг освои околу 47 отсто од важечките гласови.
Прелиминарните податоци на бразилската изборна комисија покажуваат дека по обработени речиси сто отсто од гласачките ливчиња, Болсонаро освоил 47,05 отсто од гласовите, а Лула 45,14 отсто, значително повеќе од преостанатите десет кандидати.
Бидејќи ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, Бразилците во вториот круг закажан за 25 октомври ќе одлучат дали 80-годишниот Лула ќе освои четврти претседателски мандат или ќе биде заменет од 45-годишниот Болсонаро.
Десничарскиот сенатор е син на поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, кој беше осуден на 27 години затвор за планирање државен удар по поразот на изборите во 2022 година.
Анкетите спроведени пред изборите предвидуваа дека Лула во првиот круг ќе има предност од околу три процентни поени. И покрај сè поизразената загриженост за состојбата на јавните финансии и бавниот економски раст на Бразил, во кампањата немаше вистинско политичко соочување, а двајцата водечки кандидати ги пропуштија главните телевизиски дебати.
МИА
Ново на Сител
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
