Свет
10. August 2025 - 13:44

Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија

Британски борбен авион Ф-35 принудно слета денеска на аеродромот во Кагошима, во југозападна Јапонија поради технички дефект, соопштија аеродромските власти.

Поради слетувањето во 11:30 часот пистата беше затворена околу 20 минути. Тоа предизвика мали доцнења на комерцијалните летови, објави јапонска новинска агенција, додавајќи дека никој не е повреден.

Британските вооружени сили учествуваат во заедничка воена вежба со јапонските поморски сили за самоодбрана и американските сили, која почна од 4 август и ќе трае до следниот вторник.

МИА