Loading Video...
Свет
9. August 2025 - 16:56

Преглед на вестите од светот

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат на 15 август во главниот град на Алјаска, Џуно  за да разговараат за  крај на војната во Украина .

- Русија и САД  се блиски соседи, делат граница. се чини сосема логично дека нашата делегација едноставно ќе прелета преку Беринговиот теснец и дека толку важен и долгоочекуван самит помеѓу лидерите на нашите две земји ќе се одржи токму во Алјаска. Претседателите  несомнено ќе се фокусираат на дискусија за опциите за постигнување долгорочно мирно решение на украинската криза  Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател .

Во пресрет на средбата, Трамп навести дека мировниот договор би можел да вклучува „ размена на територии“во корист на двете завојувани страни. Русија бара украина да се повлече од четири свои региони. Шефот на украинската држава Зеленски   дециден  украина нема да отстапи  дел од својата територија за да се стави крај на војната.

- Одговорот на украинското територијално прашање веќе е во Уставот на Украина. Никој нема да отстапи од ова - и никој нема да може. Украинците нема да ја подарат својата земја на окупаторот.“ Украина е подготвена за вистински одлуки што можат да донесат мир. Сите одлуки што се против нас, сите одлуки што се без Украина, се во исто време одлуки против мирот. Тие нема да постигнат ништо.. Тие се нефункционални одлуки, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. 

Средбата на Путин и Трамп на 15 август  ќе биде нивни први преговори лице в лице од 2019 година. Кремљ очекува следната средба помеѓу Путин и Трамп да се одржи во Русија, а официјална покана веќе му е доставена на американскиот претседател.

На свечена церемонија во Белата куќа, премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, потпишаа мировен договор со посредство на претседателот на САД, Доналд Трамп. Договорот предвидува траен прекин на непријателствата , воспоставување дипломатски и трговски  односи и меѓусебно да го почитуваат територијалниот интегритет. 

- Долго време беше, 35 години се бореа и сега се пријатели. и ќе бидат пријатели долго време. Сакам да им честитам на овие двајца визионери. Премиерот Пашинјан и претседателот Алиев. конечно успеавме да донесеме мир„ова е почеток на нова ера на соработка, стабилност и просперитет во Јужен Кавказ,порача Трамп 

Алиев и Пашинјан  му се заблагодарија на  Трамп за неговата улога во постигнувањето на мирот,и најавија дека ке го номираат за нобвеловата награда за мир. 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека неговата влада ќе го запре целиот извоз на воена помош  во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа, како одговор на планот на Израел да го заземе градот Газа . ИЗаречскиот план  ќе доведе до дополнително раселување, убиства и масовно уништување, зголемувајќи го страдањето на палестинското население истакна Мерц. Изралекиот премиер   Нетанјаху остро ја критикуваше германската одлука, оценувајќи ја како „награда за тероризмот на Хамас“. Германија, заедно со САД и Италија, е меѓу главните странски снабдувачи на израелската војска во војната против Хамас..