Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, денеска ја осуди втората ноќ од немирите во областа Белфаст, велејќи дека настаните претставуваат „расистичко насилство“, а не легитимни протести.
Министерот за Скај њуз изјави дека нема сомнение за расистичката природа на инцидентите, наведувајќи дека поединци биле цел поради нивната „боја на кожа и етничко потекло“.
„Ако ги напаѓате луѓето врз основа на бојата на нивната кожа, како поинаку можете да го опишете тоа? Тоа е расистичко насилство. Нема сомнение за тоа, бидејќи ние сме општество каде, како што рече Мартин Лутер Кинг (активист и лидер на движењето против расизмот), треба да ги оценуваме луѓето според содржината на нивниот карактер, а не според бојата на нивната кожа“, рече Бен.
Тој предупреди дека немирите предизвикале страв кај етничките малцинства низ Северна Ирска и додаде дека некои луѓе биле заплашени и принудени да ги напуштат своите домови.
Според него, организациите од локалните заедници изразија загриженост дека меѓу членовите на малцинствата се шири чувство на несигурност и страв дека тие би можеле да станат следните цели на напади.
Бен, исто така, ги цитираше извештаите за луѓе кои биле запрени на пат кон работа за да бидат испрашувани за нивната националност и рече дека таквите постапки се „целосно неприфатливи“.
Британскиот министер, исто така, го критикуваше ширењето на содржини на социјалните мрежи, што, според него, поттикнува тензии, вклучително и објавување адреси и други лични податоци.
„Има луѓе далеку од Северна Ирска кои објавуваат таква содржина. Тоа е целосно неприфатливо, а можеби дури и нелегално“, рече Бен.
Полицијата во Северна Ирска употреби водени топови за да ги растера демонстрантите за време на втората ноќ од антиимигрантските протести во областа Њутаунаби, северно од Белфаст, откако демонстрантите запалија возило и фрлаа тули и молотови коктели кон полицијата.
Според полицијата, околу 300 луѓе се собрале на кружниот тек Сандиноуз, каде што биле подигнати барикади од огради, гуми, мебел и контејнери, а едно комбе исто така било запалено, објави Гардијан.
Еден случаен минувач бил погоден во главата со камен, а еден полицаец бил повреден за време на немирите што следеа по нападот со нож во понеделникот во Белфаст, во кој британскиот државјанин Стивен Огилви беше сериозно повреден.
Немирите делумно се проширија и во Шкотска, каде три лица беа уапсени во Глазгов, а двајца полицајци и тројца цивили беа повредени.
Хади Алодид, 30, судански државјанин, се појави на суд во среда обвинет за обид за убиство во врска со нападот со нож во северен Белфаст во понеделник вечерта.
Жртвата, Стивен Огилви, 40, го изгуби левото око, има оштетување на десното око, како и повреди на вратот и грбот.
МИА
Ново на Сител
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе
-

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија
-

Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
-

Во Владата состанок за реформската агенда
