Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите
Британскиот премиер Кир Стармер ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, но напоменува, исто така, дека Киев мора да биде вклучен во преговорите за каков било договор за прекин на борбите, изјави портпаролот на британскиот лидер, цитиран од британските медиуми.
„На Владимир Путин воопшто не може да му се верува, но ние ќе ја поддржиме Украина, претседателот Трамп и европските земји во пресрет на непосредниот почеток на овие разговори“, изјави претставникот на Даунинг стрит.
Според него, „мирот мора да се гради со Украина, а не да ѝ се наметнува. Ние нема да наградуваме агресија, ниту ќе го компромитираме суверенитетот на Украина. Украина ќе одлучи за својата иднина и ние ќе ја поддржиме во ова на секој чекор“, додаде тој.
Трамп в петок на Алјаска ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин. Меѓутоа, Киев стравува дека двајцата лидери може да се обидат да му диктираат услови под кои би се согласил да ги прекине борбите што траат повеќе од три и пол години.
МИА
Ново на Сител
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје