Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати

Дваесет и пет лица се водат како исчезнати откако брод со мигранти потона синоќа јужно од грчкиот остров Гавдос, соопшти грчката крајбрежна стража. Досега, 52 странски државјани се спасени од бродови што биле во близина.
Потрагата по околу 25 исчезнати лица продолжува, со оглед на тоа што, според преживеаните, на бродот имало 77 лица. Четири блиски бродови и два брода од граничната агенција на Европската унија, Фронтекс учествувале во спасувачката операција. Друг брод на крајбрежната стража, брод на Фронтекс и хеликоптер биле испратени на местото на несреќата.
Гавдос е најјужниот населен грчки остров и се наоѓа 48 километри јужно од Крит во Либиското Море. Водите околу островот, кој воедно претставува и најјужната точка на Европа, станаа главна рута за бродовите со мигранти што патуваат кон Грција од Северна Африка.
МИА
Ново на Сител
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
