Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто

Бројот на живородени деца во Грција во 2025 година изнесувал 65.594, наспроти 68.467 во 2024 година што претставува намалување од 2.873 раѓања, односно 4,2, покажуваат привремените официјални податоци од грчката Служба за статистика за минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 2021 година кога имало 85.346 новородени, секоја година бројот постепено се намалува, а најголем пад (за 10,8 отсто) на бројот на новороденчиња е регистриран во 2022 година, споредбено со една година претходно.
Од анализата на вкупниот број новороденчиња, според возрасната група на мајката за 2025 година во споредба со 2015 година, главните намалувања се забележани кај жените на возраст од 30 до 34 години (12.356 раѓања помалку), од 25 до 29 години (7.922 раѓања помалку) и од 35 до 39 години (4.597 раѓања), додека пак најголеми зголемувања во периодот од десет години има кај возрасните групи од 40 до 44 години (1.031 раѓање повеќе) и од 45 до 49 години (445 раѓања повеќе).
Минатата година биле регистрирани и 290 раѓања кај жени на возраст над 50 години, додека пак вкупно 1.823 деца се родени од мајки помлади од 19 години.
Во однос на регионот на постојано живеење на мајката за 2025 година во споредба со 2024 година, се забележува намалување на бројот на раѓања во 12 од вкупно 13 периферии во Грција, а зголемување на бројот на новородени има само на островот Крит.
Бројот на мртвородени деца во 2025 година бил 420, што е намалување од 7,5 проценти во однос на претходната година.
МИА
Ново на Сител
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
