Македонија
14. August 2023 - 16:34

Бројот на родени вонбрачни деца во Македонија далеку помал од тој во Западна и Северна Европа, но бележи пораст

Се зголемува трендот на деца родени во вонбрачни заедници.13,7 отсто од живородените деца во Македонија се од родители кои не стапиле во граѓански брак. Анализата е согласно податоците од демографската карта на  Евростат. За разлика од Северна Европа каде половина од вкупниот број живородени деца се од родители кои не се во брак, кај нас помалку се решаваат на ваков чекор а тоа според психолозите зависи од социо- економските состојби во држата. Дополнително законската регулатива но и традицијата имаат влијание врз овие процеси, потребна е поголема социјална безбедност за младите особено за жените.

Социолозите сметаат дека ова е резултат на трендот кој е се помасовно зема замав не само во Европа туку и во земјите од регионот и ваквиот процент би се зголемил во иднина.

Помал процент на вонбрачни деца од Македонија има само во Турција и  Белорусија. Од земјите од регионот процентот во Грција е 16,5, во Хрватска 23, 6, во Србија 30, Бугарија 59,9 отсто, и во Словенија 57,7. Според статистиката, стапката на граѓански бракови особено во Северна и Западна Европа се повеќе се намалува.