Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица

Бројот потврдени случаи на заразени со вирусот ебола во Демократска Република Конго надмина 11 илјади, покажуваат вчера објавените владините податоци.
Вкупниот број потврдени случаи достигна 11.042, а починале 5.387 лица, се наведува во податоците. Епидемијата предизвикана од ретката варијанта Бундибуџо на вирусот ебола, беше прогласена во средината на мај. За тој сој на вирусот нема одобрена ефикасна терапија ниту вакцина.
Станува збор за втората најголема епидемија на ебола во историјата, по епидемијата во Западна Африка во периодот од 2014 до 2016 година, кога беа заразени над 28.600 лица, а починаа повеќе од 11 илјади луѓе.
Болеста е потврдена во осум од вкупно 26-те провинции во Конго, а голем дел од смртните случаи настапиле надвор од здравствените установи. Задоцнетото откривање на заразените, вооружените конфликти и преоптоварениот здравствен систем придонесуваат за побрзо ширење на вирусот, споредбено со претходните епидемии.
Болеста веќе е регистрирана во Источна, Централна и Западна Африка, поради што сегашната епидемија на ебола има и најширока географска распространетост на африканскиот континент досега.
МИА
Ново на Сител
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
