Буџетските КОВИД-мерки се укинуваат, од оваа ставка скратени 620 милиони денари
- Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска соопшти дека од КОВИД-мерките во Буџетот, што ги креирала претходната Влада, се скратени 620 милиони денари.
КОВИД-мерките, како што рече Димитриеска Кочоска на прес-конференција, веќе не треба да постојат зашто короната е веќе минато и одамна зад нас.
-Комплетно се скратени 620 милиони денари од КОВИД-мерките предвидени во Владата и повеќе нема што да стои таква мерка - „КОВИД“. КОВИД-от е одамна зад нас и им кажав на моите вработени во Министерството, веќе таков опис да не постои. Нема што да зборуваме за КОВИД во 2024 година, рече Димитриеска Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања.
Во врска со ЕСМ, министерката информира дека државата ќе плати еден дел од гаранцијата што на компанијата и доспева во август. Повеќе од тоа, додаде, нема да има трансфер од Буџетот за ЕСМ.
-Еден дел од гаранцијата која им доспева во август ќе платиме ние, останатиот дел ги задолживме да го платат сами. Ќе можат, таму различни ни се ставовите, тие имаат еден став. Во овој момент повеќе од тоа нема да има трансфер од буџетот за ЕСМ, потенцира Димитриеска Кочоска.
Ново на Сител
-
МЖСПП ги објави резултатите за загадувањето на воздухот во Трубарево
-
СДСМ: 400 пожарникари без плата
-
За време на семинар се затруле со храна во ресторан во Куманово
-
ССК со предлог до Владата - Вишокот административци да го трансферираат во приватниот сектор
-
Анализа: Нов закон за средно полициско училиште - Предности и недостатоци
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години партнерство: Македонија и САД ја зацврстија успешната соработка
-
Ле Риголер: Процесот на Европското приближување е процес на спроведување на реформи и трансформација