Бугарија со државна прослава му даде целосен бугарски карактер на Илинденското востание
По две деции, официјална Софија на 2ри август го одбележа илинденското преображенско востание. Со највисоки воени почести Претседателот и премиерот испратија пораки дека зад востанието стојат како што велат македонските бугари, а нивната цел била присоединување кон Бугарија.
Во ист контекст говори и премиерот Денков кој воопшто не споменува македонци, туку за нив користи термин бугари, претставувајќи го илинденското востание како чисто бугарско.
Според домашните аналитичари, одбележување настани кои претходно Бугарија не ги славела укажуваат на целосно негирање на македонската историја.
Според Атанасовски, недозволиво е бугарскиот државен врв да тврди дека целат на Илинденското востание било присоединување кон Бугарија.. Смета дека е потреба реакција од македонските власти.
Тезите за Илинденското востание пласирани од Бугарија, според Атанасовски ќе влијаат и на работата на мешовитата историска комисија која во следниот период треба да работи на историски настани и ликови од 19от и почетокот на 20 век.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
