Бугарскиот парламент утре ќе гласа за францускиот предлог
Во фото-финиш, на само еден ден од самитот ЕУ-Западен Балкан, собраниската комисија во бугарскиот парламент ќе одлучува за тоа дали ќе даде зелено светло за францускиот предлог. Иако првично беа класифицирани како тајни, по барање на властите, бугарското МНР за пратениците во парламентот го декласифицираше предлогот со кој би требало да се стави крај на македонско-бугарскиот спор.
Денеска, очекувано средбата на министри за наворешни на ЕУ не донесе конкретни заклучоци. Сепак остануваат оптимисти дека бугарската рампа за земјава, ќе биде подигната.
На состанокот присутен беше и бугарскиот заменик министер за надворешни работи кој повтори дека без одлука од Собранието, не можат да се произнесат за предлогот. Рано утринава пак, состанок одржаа премиерите на Македонија и Албанија, како и претседателот на Србија, Вучиќ за евентуалното нивно присуство на претстојниот самит… Сите во сличен тон навидум ќе се одлучат да бојкотираат но конечната одлука ќе се знае веќе утре напладне.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
