Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата

По повеќемесечни превирања во владејачката демохристијанско-социјалдемократска коалиција, германскиот Парламент (Бундестаг) денеска со апсолутно мнозинство го прифати нацрт-законот за пензии, кој треба да го осигура нивото на пензиите во иднина.
Германската коалиција обезбеди мнозинство за усвојување на спорниот закон за пензии во Парламентот без помош од опозицијата.. Долго време не беше јасно дали коалицијата, која има мало владејачко мнозинство, сама ќе може да собере доволно гласови за донесување на законот.
– Ова е добар ден за коалицијата, која покажа дека е способна да дебатира, но истовремено и да донесува одлуки, рече по гласањето во Бундестагот Јенс Шпан, претседател на пратеничката група на демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ.
Претходно, постоеше закана од конфликт меѓу демохристијаните и социјалдемократите околу пензискиот пакет, што делумно се закануваше и со распаѓање на коалициската влада на Фридрих Мерц.
На законскиот пакет најмногу се противеа пратениците на Унијата од редовите на т.н. „Млада унија“, кои сметаа дека новиот закон прекумерно ги оптоварува припадниците на помладата генерација.
Прифаќањето на законот беше доведено во прашање бидејќи владиното мнозинство во Бундестагот зависи и од гласањето на 18-те пратеници на т.н. „Млада унија“.
Пред гласањето, Мерц апелираше до пратениците од демохристијанските и социјалдемократските пратенички клубови да гласаат за пакетот закони. На крајот, за законот гласаа 318 пратеници, што е доволно гласови за остварување на т.н. канцеларско мнозинство.
Опозициската крајно левичарска, Левица, најави воздржување со цел на коалицијата да и бидат потребни вкупно помалку гласови за постигнување мнозинство. Сепак, парламентарното пребројување на гласовите покажа дека коалицијата би го усвоила законот дури и без воздржаните гласови на Левицата, бидејќи само седум конзервативни пратеници гласаа против законот.
Новиот законски пакет, меѓу другото, гарантира ниво на пензии од 48 отсто од просечните последни плати, можност за работа и во пензија со пониски даноци, како и т.н. пензија за мајки.
Законот е неопходен за да се обезбеди нивото на пензии и во иднина, и покрај тоа што голем број вработени од т.н. генерација „Бејби Бум“ ќе заминат во пензија во следните години.
МИА
Ново на Сител
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
