Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

За 778,3 милиони денари или 7,7 отсто е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно 10,8 милијарди денари, соопштија од Царинската управа.
Притоа, како што е наведено во соопштението, раст во наплатата е забележан по сите основи - наплатата на приходи од царина бележи раст од 8,9 проценти, од акциза 8 проценти, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз бележи раст од 3,9 проценти.
- Зголемената наплата значи повеќе средства за јавни добра, кои ќе го поддржат растот на економијата - повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура - велат од Царинската управа најавувајќи дека ќе продолжат со мерки за зголемување на ефикасноста и обезбедување стабилен раст на буџетските приходи.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
