Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток
Цените на нафтата се задржаа близу петмесечниот максимум поради стравувањата дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела да доведе до подиректно вклучување на САД.
Цените на нафтата од типот „Вест Тексас Интермедиеит“ (WTI) се стабилизираа во Азија откако во вчера го достигнаа највисокото ниво за речиси пет месеци, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара безусловна капитулација на Иран, објави Блумберг.
Фјучерсите на американските акции речиси и да не забележаа промени откако индексот S&P 500 се намали за 0,8 проценти во Њујорк.
Обврзниците на американскиот трезор благо се намалија во Азија, но ги задржаа поголемиот дел од добивките вчера, кои беа покренати од геополитичките ризици и разочарувачките податоци за малопродажбата во САД, почетокот на изградбата на куќи и индустриското производство.
Индексот на доларот на Блумберг се намали откако претходниот ден го забележа својот најголем раст во последниот месец.
Индексот на азиско-пацифичките регионални акции (MSCI) речиси и да не забележа промена, при што добивките во Јапонија и Јужна Кореја беа неутрализирани со загубите во Хонг Конг и континентална Кина.
Иран и Израел разменуваат оган шести ден по ред, откако Трамп се сретна со својот тим за национална безбедност за да разговара за ескалација на конфликтот. Тоа поттикна нови шпекулации дека САД се на работ на директно вклучување во конфликтот.
Ново на Сител
-
Поведена постапка за вчерашниот инцидент во Чаир
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран
-
Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра