Цените на нафтата на светските берзи стабилни - околу 61 долар за барел

Цените на нафтата денеска останаа близу до нивото од 61 долар за барел на меѓународните пазари, што навестува ублажување на геополитичките тензии и прогноза на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за суфицит на понудата почнувајќи од следната година.
На лондонскиот пазар, цената на барел попладнево беше повисока за 32 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 61,33 долари. За речиси иста сума, барелот поевтини на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 57,85 долари.
На крајот на минатата недела трговците беа загрижени од прогнозите за суфицит на понудата најдоцна до почетокот на следната година.
Вишокот во 2026 година би можел да достигне речиси четири милиони барели дневно, бидејќи понудата се зголемува, а побарувачката останува пригушена, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела во својот редовен месечен извештај.
Во септември, Кина го намали увозот на нафта на 11,5 милиони барели дневно, што е најниско ниво од јануари. Кинеските рафинерии го забрзуваат темпото на рафинирање, што го намалува резервниот капацитет за увоз и за складирање.
Пазарите беа донекаде смирени од знаците за ублажување на геополитичките тензии.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека очекува да финализира „многу добар трговски договор“ со својот кинески колега Си Џинпинг, но отворените прашања за царините и пристапот до технологијата сè уште не се решени, а проблем е и „зачепениот“ синџир на снабдување.
Во наредните недели, Трамп има намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ублажувајќи ги стравувањата од проблеми со набавката на руска нафта.
МИА
Ново на Сител
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
