-->
-->
Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
-->

Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од 1 отсто, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави.
Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.
Растот на цените дополнително е поттикнат од загриженоста од евентуачни напади врз бродови и заплени во Ормуската Теснина, една од клучните рути за глобалниот транспорт на нафта.
Цените на нафтата денеска бележат раст независно информациите од Иран дека околу 30 бродови во текот на вчерашниот ден поминале низ Ормуската Теснина.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
