Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија

Цените на нафтата денеска пораснаа поради новите напади на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската влада во граѓанската војна, и поради стравот дека војните на Блискиот Исток би можеле да се прошират и да ги загрозат испораките на нафта.
Цената на нафтата „Брент“, која се користи како глобален стандард за цената на нафтата, порасна за 1,8 отсто, на 110,75 долари за барел, додека американската нафта ВТИ поскапе за 1,5 отсто, на 98,58 долари за барел.
Цената на „Брент“ вчера речиси не се менуваше, додека американската нафта поевтини за 67 центи. Доколку конфликтите продолжат и испораките на нафта бидат отежнати, нафтата би можела дополнително да поскапи, што може да доведе и до раст на цените на горивата.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
