Променливото време аларм за хронично болните
Крвен притисок до 200, тешко дишење, забрзана срцева работа. Ваква состојба предизвикуваат променливите временски услови кои ги имаме за продолжениот празничен викенд.
Од сончево до облачно, од топло до ладно- овие промени се шок за организмот кај лицата со хронични заболувања. За екипите на Итната медицинска помош ова се повици кај кои мора да реагираат за да не дојде до мозочен удар или инфаркт.
- Првично на удар се оние пациенти со ХОББ, астма и проблеми со дишењето. Има многу повици, ние се обидуваме колку што може да им помогнеме со совети да се даде оваа терапија, таа терапија, да се искомбинира. Но кога гледаме дека здравствената состојба се влошува, излегуваме на терен, аплицираме интравенозна терапија, кислородна поддршка и го транспортираме до соодветна здравствена установа за понатамошна дијагностика, изјави д-р Сејфула Адеми, Брза помош Скопје.
Но променливото време не е единствениот предизвик за хронично болните.
Во периодот кога циркулираат сезонските вируси, дополнителен ризик претставуваат респирторните инфекции кои кај овие пациенти можат да ја влошат основната болест и посериозни здравствени компликации.
Особено внимателни според лекарите треба да бидат пациентите со кардиоваксуларни и белодоробни заболувања.
- Апелираме до сите граѓани да внимаваат на своето здравје особено хронично болните, редовно да ја земаат терапијата и колку што можат да избегнуваат да се изложуваат на места каде има поголем број на луѓе, изјави д-р Адеми.
Редовна терапија, доволно сон, хидрација и исхрана и консултација со матичен лекар се клучните препораки особено за хронично болните во сеозната на променливо време и вируси.
Тие се и во ризичните групи за кои е препорачано да бидат вакцинирани против грип.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
