Македонија
9. October 2026 - 12:57

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите

Цените на  угостителските услуги континуирано растат ,но останува прашањето што всушност добиваат гостите .Добрите познавачи посочуваат дека како туристичка дестинација треба да се стави акцент на збогатување на менијата и услугата. Голем дел од угостителите пак велат дека се принудени да ги зголемуваат цените, бидејќи не може да работат со стари цени во услови кога храната во маркетите и на пазарите е покачена.

Понудата е класична и мора да се збогатува и менува постепено но и да се креираат нови производи.

Според најновите статистички податоци Цените на угостителските услуги во септември 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.8 %.

Во периодот пак јануари – септември 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.1 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.5 %.