-->
-->
Чавушоглу: Турција го поддржува барањето на Русија за укинување на бариерите за извоз на вештачки ѓубрива и жито
-->
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека се согласува со барањето на Русија да се отстранат пречките за рускиот извоз на вештачки ѓубрива и жито со цел да се да се прошири целокупната трговија со жито преку Црно Море, вклучително и Украина.
Тој, на заедничката прес-конференција со рускиот колега Сергеј Лавров во Анкара, истакна дека е посветен на проширување на трговијата со жито.
Чавушоглу додаде дека Турција е загрижена од потенцијалното засилување на конфликтот помеѓу Русија и Украина во текот на пролетта.
Според него, Турција ќе продолжи со напорите преку преговори да се стави крај на војната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
